Избрканите од „Вест“ ја окупираа канцеларијата на Керим, „Утрински“ пред штрајк

by fokus 12:21
12:21

Во изданијата на МПМ владее хаос. Денеска избрканите новинари од дневниот весник „Вест“ ја окупираа канцеларијата на еден од сопствениците на весникот Срѓан Керим за да си ги побараат ветените отпремнини.

Тие летово беа отпушени како технолошки вишок, а сега се сомневаат дали ќе им биде исплатена ветената отпремнина, откако вчера на состанок на Синдикатот со менаџментот им било речено дека сите новинари од МПМ ќе се префрлат на платен список на „Телеграф“ кој е со нејасна сопственичка структура.

- Advertisements -

Новинарите на „Урински“ пак, денеска во Здружението на новинарите ќе одржат прес конференција на која ќе ги најават следните активности, а најверојатно тоа ќе биде штрајк, откако добиле ултиматум од раководството 10 новинари да бидат избркани за весникот да продолжи да постои.

ФОТО: СДК

Поврзани новости