Владата денеска со ново задолжување

by fokus

Владата денеска ќе направи ново задолжување од 12,1 милион евра. Задолжувањето ќе се реализира преку две аукции на кои на домашните кредитори ќе им се понудат државни записи и државни обврзници.

Дел од позајмената сума ќе се враќа за шест месеци и една година, додека парите обезбедени преку обврзница ќе се враќаат за две години.

Јавниот долг на Македонија достигна рекордно ниво, односно 4,7 милијарди евра или 50,6 отсто од БДП.

Поврзани новости