Избрани и именувани лица ќе може да одат на службени патувања во странство без потоа да бидат во државен карантин

by fokus

Владата на денешната седница заклучила дека може да се дозволи службени патувања на избрани и именувани лица во странство поради специјални причини, без притоа тие да бидат ставени во државен карантин по враќањето во Македонија.

-Владата дозволи да се организираат службени патувања на ограничен број избрани и именувани лица во странство, со почитување на препораките на Комисијата за заразни болести за одржување на растојание и заштитна опрема, заради координација на мерките за Ковид 19 или други неодложни и итни причини, без да бидат спроведени овие лица во државен карантин по нивното враќање во Македонија, објасни Спасовски.

Поврзани новости