Изборниот караван продолжува, СДСМ на митинг во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ во Крива Паланка

by Fokus

Партиите, коалициите и независните кандидати денеска со митинзи и средби со граѓани ја продолжуваат изборната кампања.

Коалицијата „Живот во Македонија“ предводена од СДСМ ќе почне со средби со граѓани во Чешиново Облешево и Зрновце, а митинзи ќе одржи во Виница и Кочани.

Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи средби со граѓани во Ранковце и Старо Нагоричане и митинзи во Кратово, Пробиштип и Крива Паланка.

Демократската унија за интеграција ќе има средба со граѓани во Дебарски бањи, а пак Движењето „БЕСА“ организира средби со граѓани во Дебар.

Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши на 13 октомври во 24 часот.

Поврзани новости