Во Крива Паланка истепан возач на автомобил кој преку разглас најавувал митинг

by Fokus

Возач на автомобил облепен со плакати на политичка партија, со кој преку разглас се најавувал митинг бил претепан од тројца жители на Крива Паланка, информираа од МВР.

Според полицијата, тие заработиле кривични пријави за насилство, а меѓу нив имало и малолетник. Станува збор за 39-годишниот В.С. и 45-годишниот Т.А. двајцата од Крива Паланка, а против 17-годишен малолетник од Крива Паланка е поднесено известување до ОЈО Куманово.

Според пријавата, на 30 септември, околу 15.30 часот, на улицата Единство во Крива Паланка, тројцата му пришле на О.С. (24) од Крива Паланка, кој управувал „опел зафира“ обелепен со плакати на политичка партија и на кандидат за градоначалник на општина Крива Паланка, и 39-годишникот побарал да се изгасне разгласот.

отоа малолетникот почнал да го удира возачот со тупаници, а третиот пријавен го грабнал возачот за врат и го извлекол од возилото, по што продолжил да го удира, заедно со други лица. На возачот му биле нанесени телесни повреди.

Поврзани новости