ВМРО-ДПМНЕ вчера ја објави првата реклама во изборната кампања, односно спот од речиси три минути. Партискиот спот многу потсетува на еден од рекламните спотови на прозводителот на спортска опрема „Најк“.
Во рекламата на „Најк“ повеќе спортисти трчаат низ полиња и планини, кои на крајот стигнуваат до врвот. Во позадина оди моќна музика и глас кој им вели дека тие самите одлучуваат и знаат што треба да направат.
Во спотот на ВМРО-ДПМНЕ млад човек спортист трча напред низ полиња и планини додека да стигне до еден врв. На патот се соочува со разни препреки кои ги надминува, а во позадина оди слична музика како онаа во рекламата на „Најк“ и глас кој го убедува дека тој знае што е најдобро за него и за Македонија.
Нешто што го нема во спотот на „Најк“, а го има во спотот на ВМРО-ДПМНЕ се овците кои главниот лик ги сретнува на патот.