Велите РЕАЛНО? Ајде тогаш да бидеме реални баш како што е реално!

by lali 17:03
17:03

Спотот на ДПМНЕ се најлошо потрошени четири минути во коишто има еден дечко како трча, бега низ реки, планини, ридови, чуда, а по него тече глас што го води низ сето тоа со некои си мотивациски семе синапово пораки. И толку! Што е поентата, што е пораката?

Баш оние делови ги нема каде пораката треба да биде пратена и да има поента. Го нема делот кои се они што стојат зад видеото. На пример каде е делот како дечкото пие вода од Дојранско езеро, како вози пијан службено возило, како нарачува шамари, како се вози во мерцедес од 600 000 евра, како прислушкува, како подмитува и бара провизии, како нарачува и руши објекти, како сече дрвја, како злоупотребува функција, како затвара фирми со инспекции, како краде избирачки кутии, како мести избори, како нарачува прилози, како собира патарини, како крие убиство, како све до сега овие 10 години. Онака бе баш како што е #Реално?!

- Advertisements -

Го нема и оној дел каде граѓаните можат да се пронајдат себеси. На пример им фали дел како дечкото чека на мој термин со саати, како дреме пред врата на извршител, како моли да не му исклучат струја, како станува и се пријавува во агенција за вработување, како му касни социјално, како плаќа рекет, како работи за минимална плата, како оди низ магла и дише загаден воздух, како седи на аеродром, како зима кредит за да врати друг, како цапа низ кал во Стајковци, како плива низ поплавени подрачја, како чека пари за операција, како моли за донации, како све до сега овие 10 години. Онака бе баш како што е #Реално?!

Не е фар вака промо сликата да биде сечена, лепена, монтирана. Најдобро е да ја има цела, онаква каква што #РЕАЛНО е, навистина.

Поврзани новости