455
Изборите ќе ги поместат датумите за екстерно тестирање и за полагање државна матура. За новите термини државниот испитен центар усмено ги известил училиштата пред една недела. Ќе има последици врз целиот процес, предупредуваат наставниците, објави Телма.
Станува збор за поместување од речиси една недела бидејќи досега овој процес се реализирал во периодот од 2 до 10 јуни. Сега е планирано да се спроведе во четири дена, односно на 9, 10, 13 и 14 јуни.