953
По поднесената оставка на Зоран Заев, Централниот одбор на вечерашната седница донесе одлука да почне процес на внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември, истакна предмалку партиската портпаролка Богданка Кузеска.
-Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае 7 дена. Право на кандидатура имаат сите членови што ги исполнуваат критериумите согласно статутот. Можност за гласање ќе имаат сите членови што активно ќе се регистрираат од утре во рок од 7 дена – рече Кузеска.
Воедно, таа додаде дека Заев ги информирал сопартијците дека парламентарното мнозинство е стабилно и дека се работи за негово зајакнување со Алтернатива, од каде денес изразија подготвеност да влезат во владата.