ИВЗ: Крстот не е соодветен одговор на орелот

by Фокус

Исламската верска заедница поставувањето на крстот во Бутел го оценува како провокација кон муслиманските верници. Сметаат дека иницијативата поттикнува меѓуетнички тензии, па затоа ги повикуваат властите, но и меѓународните претставници да интервенираат да се укине одлуката на општина Бутел во која како што рекоа од ИВЗ, половина од жителите се од исламска вера.

„За да ги избегнеме тензиите кои непотребно беа создадени поради нечија провокација, од некој кој не ѝ посакува добро на оваа земја и кој верските симболи ги злоупотребува за дестабилизирање на меѓуверските и меѓунационалните односи, апелираме итно да се укине одлуката за поставување на крстот во Бутел. Доколку некој имал за цел со изградбата на крстот ’да се реваншира’ за поставувањето на орелот во општина Чаир, истакнуваме дека орелот е национален симбол, а крстот е верски, па затоа и не претставува соодветен ’противодговор’…“.

Поврзани новости