Волерс: Имате политичари кои се грижат за лично богатење и уривање на државата

by Фокус

Американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс, изјави дека политичарите во Македонија водат политика на уривање на земјата, а не за надминување на конфликтите, пренесува сајтот „Ина“.

– За жал во многу земји, и со жалење морам да кажам дека и во оваа земја, гледам водачи кои политиката ја гледаат како краткорочна игра за богатење на самите себе и на сопствената партија, што предизвикува конфликт во земјата, наместо да работат за да ги решат конфликтите. Мислам дека ова е рецепт за уривање на државата, изјавил Волерс во четвртокот, на научната конференција посветена на 100 годишнината на Првата Светска Војна.

Конференцијата била организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.
Ова е досега најсилната порака од страна на американскиот амбасадор упатена директно кон политичкиот фактор во земјата.

Поврзани новости