Ивица Коневски, Кирил Божиновски и владиката Агатангел предложени за сведоци за „Насилство во Центар“

by Fokus

Одбраната на Миле Јанакиески, на денешното рочиште за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година, побара од судот во дополнителна доказна постапка да бидат сослушани Ивица Коневски и Кирил Божиновски, како и да бидат презентирани сите прислушувани разговори, доколку постојат такви, меѓу нивниот клиент и лицето Томислав Лазаров.

На почетокот на денешното рочиште, бранителот на Миле Јанакиески, адвокат Еленко Миланов рече дека за својот клиент имаат информации од СЈО дека е прислушкуван од мај 2013 се до 2015 година.

– Тогаш треба да добиеме увид и информација за сите аудио снимки поврзани со овој кривично правен настан, доколку СЈО располага со такви разговори. А ако има таков разговор со Томислав Лазаров, сослушан како сведок тука, да се обезбеди за да може да имаме еднаквост на оружјата, изјави Миланов.

Поврзани новости