Ивановска: Огласот за субвенции од Град Скопје беше популистички

by fokus

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју на телевизија 24 рече дека огласот за субвенции за велосипеди од Град Скопје, на некој начин, бил популистички.

-Огласот беше на некој начин популистичка мерка. Онака како што беше објавен конкурсот беше дека исплата ќе се врши прв дојден, прв услужен. Не се објаснува кога ќе биде исплата, дали после изборите, кога ќе почне пријавувањето.. Не беше јасно дефинирано. Ова не е во согласност со добро владеење. Ако сакате добро да владеете нема да ставете поплустички мерки кои можат да значат дека купувате гласови. Иако оваа мерка не е нова, но начинот на кој е формулирана ни остави впечаток дека исплатата може да биде и пред изборите, рече Ивановска.

Поврзани новости