Ивановска: Имаме надлежност да утврдуваме судир на интереси и кај уставните судии

by fokus

Уставните судии како службени лица се должни да ги почитуваат членовите од законот кои се однесуваат на судирот на интереси и на тој начин непристрасно да ги носат одлуките, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), Билјана Ивановска.

-Комисијата има надлежност да одлучува дали постои кај одреден носител на јавна функција судир на интерес или не. Таргет се избраните и именуваните лица, вклучувајќи ги и судиите на Уставниот суд, рече Ивановска во емисијата 24 Отворено.

Таа додаде дека вчера одлучувале по барањето за мислење кое го добиле од претседателот на Уставниот суд во смисла дали уставните судии се наоѓаат во судир на интереси.

-Постапувавме по тоа барање и се изјаснивме дека по закон нема класичен судир на интерес. Сите судии немаат судир на интерес. Укажавме дека уставните судии како службени лица се должни да ги почитуваат членовите од нашиот закон кои се однесуваат на судирот на интереси и на тој начин непристрасно да ги носат одлуките. Барањето се однесуваше за сите судии, вклучително и за спорен судија, рече Ивановска.

Поврзани новости