497
Вечерва во 19:30 претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, ќе му го врачи мандатот за нов премиер на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев. Ова доаѓа откако попладнево Собранието ја усвои оставката на премиерот Никола Груевски. Од Кабинетот на претседателот Иванов соопштија дека предавањето на мандатот ќе се случи во 19:30 во претседателската вила на Водно.
Се очекува уште во текот на вечерта Емил Димитриев да биде избран за нов премиер, како и да се конституаира составот на новата Влада. Претходно во текот на денот Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи парламентарните избори да се одржат на 24 април. СДСМ рече дена нема да учествува на избори без прочистен Избирачки список и без регулација на медиумите.