Хан прифати избори на 24 април, само да биле демократски

by Фокус

Откако денеска владејачката ВМРО-ДПМНЕ одлучи да има избори на 24 април, без согласност од СДСМ, со реакција излезе еврокомесарот Јоханес Хан кој вели дека тој повеќе би сакал одлуката да е донесена со консензус на сите партии, но штом ќе има избори на 24 април, тогаш да се обезбедат услови тие да бидат фер и демократски.

-Ја слушнав одлуката донесена денес за предвремени избори на 24 април како што е договорено во Пржино. Како што реков, повеќе би сакал консензуална одлука на сите партии. Сега е од круцијална важност сите политички и институционални актери во земјата да сторат се што можат за да се обезбедат фер избори според демократски стандарди. За да се направи ова, итно е да забрза подготвителната работа особено околу изборниот список, вели Хан во своето соопштение.

Тој додаде дека и покрај неуспехот да се најде заеднички договор за денот на изборите, очекува сите политички партии конструктивно да соработуваат и да се држат до нивните ветувања во рамките на договорот од јуни и јули, вклучително и реформските приоритети.

Поврзани новости