498
Претседателот Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати до нацијата, соопштија од неговиот кабинетот на претседателот.
Во соопштението не се наведува темата за која Иванов ќе зборува во 18: 45 часот.
Инаку, ова е четврто обраќање до нацијата на Иванов во последните два и пол месеци.На првото обраќање во април, Иванов ја најави аболицијата со која ги прекина сите судски процеси против политичари и нивни соработници. Потоа излезе во јавноста и децидно порача дека нема да отстапи од неговата одлука, за на крајот на третото обраќање да ги повлече сите аболиции.