И Канческа-Милевска го фалеше Талески дури е во притвор

by fokus

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, во својот говор на отворањето „Битола Шекспир фестивал“, неколку минути се заблагодаруваше на градоначалникот Владимир Талески за придонесот што го дал за културен развој на Битола.

„Да изразам голема благодарност до градоначалникот Владимир Талески за огромната поддршка на културата и уметноста , таа одлична соработка меѓу централната и локалната власт е успешен пример токму во Битола и сакам лично да се заблагодарам за неговиот огромен придонес за културниот равој во Битола, во богатата културна понуда што ја видовме во изминатиот период и голема заложба за издигнување на културата во Битола….“. рече министерката.

Сепак, битолскиот градоначалник не ги слушна пофалбите бидејќи веќе трет ден е во куќен притвор за случајот „Транспортер”, што го покрена СЈО. Талески треба да одговара за коруптивните тендери во школскиот превоз, преку кои се сомничи дека го оштетил државниот буџет за 360 000 евра.

Поврзани новости