Адвокатите побараа што побрзо решение за судските работници

by fokus

Адвокатската комора на Македонија ги поддржува напорите на Министерството за правда на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ),  за што поскоро наоѓање на прифатливо решение за проблемите коишто се причина за штрајкот.

-Со целосно почитување на законското право на штрајк, нагласуваме дека и адвокатите трпат последици од неработењето на судовите, што уште повеќе го изразува интересот на Адвокатската комора за што поскоро завршување на штрајкот, се наведува во заклучокот на Адвокатската комора на РМ донесен на седницата на Управниот одбор одржана на во понеделникот.

Овој заклучок е испратен до Министерството за правда на Република Македонија, Судскиот совет на Република Македонија и Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија (УПОЗ).

Поврзани новости