589
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г Стефан, по повод празнувањето на архиѓаконот и првомаченик Свети Стефан и трет ден Божик, ќе приреди традиционален божикен ручек за државниот врв.
Како што е најавено, на божиќната трпеза ќе присуствуваат претседателот Ѓорге Иванов, спикерот Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.
Сите тројца присуствуваа и на божиќната литургија што поглаварот на МПЦ-ОА ја водеше во Соборниот храм.