ФСП: ВМРО да се огради од посетата на ДУИ во Атина

by Фокус

Форумот на слободоумни патриоти, кој делува како фракција во ВМРО-ДПМНЕ, го повикува партиското раководство јавно да се дистанцира и да се огради од вчерашните активности во Атина од страна на нивниот коалиционен партнер ДУИ, чии највисоки претставници разговараа со грчкиот шеф на дипломатијата за спорот за името без претходно да се консултираат со македонското Министерство за надворешни работи.

„ДУИ нема мандат да преговара за името на нашата татковина, бидејќи истите тие во 2001 година со кукавички акции ги напаѓаа македонските безбедносни сили и директно го рушеа Уставниот поредок на државата. Доколку раководството на ВМРО – ДПМНЕ јавно не се огради од нивниот коалиционен партнер, тогаш оваа нивна активност може да се сфати како уште една добро договорена и режирана акција помеѓу нив, а се со цел замајување на јавноста и оттргнување од актуелната политичка криза и вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните“, се наведува во соопштението на ФСП.

Поврзани новости