ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ сите и се криви за нискиот рејтинг

by Фокус 22:08
22:08

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на обвинувањата од СДСМ дека владејачката партија ја злоупотребува јавната установа МАРнет со тоа што оцени дека тоа е потврда за безидејноста на СДСМ и обид, како што велат, на раководството на СДСМ да се извади од случајот со фабриката за афери со измислување на обвинувања дека цел интернет е против нив.

-Јавноста се потсмева на мизерните обиди на СДСМ да создадат алиби за претстојниот пораз. Сите им се виновни на СДСМ за рекордно нискиот рејтинг. Сите им се виновни зошто се откри аферата со фабриката на Чаушот, пријателот на Заев и Оливер Спасовски. Сите им се виновни зошто не знаат да направат конкретна програма со конкретни проекти и рокови. Сите, па дури и интернетот е виновен за бедата во која СДСМ сам се заглави, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Од владејачката партија велат дека граѓаните во пресрет на изборите очекуваат програма, проекти и мерки, а не, како што велат тие, празни и неаргументирани прес-конференции.

Поврзани новости