Иванов унапреди тројца старешини во АРМ

by Фокус

Претседателот Ѓорге Иванов унапреди тројца старешини во повисоки чинови во македонската армија.

Во чин генерал-мајор е унапреден бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски, додека во чин бригаден генерал унапредени се полковниците Мирче Ѓоргоски и Зоран Милески.

Инаку, Ѓурчиновски ја извршува должноста командант на Здружената Оперативна Команда, Ѓоргоски ја извршува должноста Аѓутант на Врховниот командант, а Милески е командант на првата механизирана пешадиска бригада.

Поврзани новости