Собранието избира нов член на ДИК на местото на Дума

by Фокус

Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница треба да усвои предлог-одлука за разрешување на Виолета Дума од местото член на Државната изборна комисија, бидејќи ги исполнува условите за заминување во пензија.

За пополнување ова место на предлог на опозицискиот СДСМ, како што налага процедурата, ќе биде распишен јавен оглас.

Се очекува ДИК денеска да одржи седница на која што треба да биде избран и генерален секретар на Комисијата во конкуренција на 14 кандидати.

Поврзани новости