Абулаќим Адеми во Јегуновце побара поддршка за Дарко Блажевски

by fokus

На средбата со граѓани во село Шемшево, општина Јегуновце денеска беа лидерот на СДСМ, Зоран Заев и Абдулаќим Адеми од ДУИ. И двајцата побараа подрршка за кандидатот за градоначалник на Јегуновце од СДСМ, Дарко Блажевски.

-Барам поддршка за Дарко Блажевски од сите граѓани, независно од етничката припадност. Тој ќе им служи на сите граѓани, повика Заев.

Тој додаде дека во 21 век мора да има чиста вода, да се реши проблемот со септички јами до бунарите за вода, децата да не газат во кал и да се разболуваат и дека овие проблеми ќе се решат.

Поврзани новости