522
Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов денеска известија дека тој одлучил да ја одложи посетата на Австралија.
Причина за ваквата одлука била политичката состојба во земјата и тензиите меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите.
Посетата предвидуваше средби на македонскиот претседател со државниот врв на Австралија, велат од Кабинетот на шефот на државата. Иванов требаше да оствари средби со генералниот гувернер, премиерот, спикерот, претседателот на Австралискиот Сенат, со претставници на македонско-австралиската група на пријателство во Парламентот на Австралија, како и со претставници на македонската заедница во Австралија.