„Груевски, ајде заедно до Југохром!“

by Фокус

Движењето Еко Герила го повикува премиерот Никола Груевски, кој утре ќе одржи собир во спортската сала на средното медицинско училиште во Тетово, заедно да ја посетат фабриката Југохром и одблизу да видат до каде е поставувањето на филтри. Мотото на овој повик е „Груевски, ајде заедно до Југохром!“.

-На овој начин, самиот премиер кој е главна фигура што го има клучот за загадувањето на градот и поширокиот регион, ќе има можност да се запознае одблизу со тивкото убивање на граѓаните на Тетово, без оглед на нивната етничка, верска или расна припадност“ велат од Еко Герила.

Тие посочуваат дека врз основа на Законот за животна средина, граѓаните треба да имаат пристап до информации и да се запознаат директно со програмата која треба да се имплементира, со цел спречување на понатамошното труење на воздухот, почвата и водата на Тетово и околината.

Поврзани новости