Претседателот Ѓорѓе Иванов за денешниот празник одржа говор во Пелинце. Тој повика на национално обединување и побара да не се заплашува народот и да не се шири паника. Потоа, зборуваше за закана од странски терористички борци во Македонија.
-Вториот миграциски бран е на повидок, а регионалните кризи и конфликти на Блискиот Исток и Северна Африка ги зголемија ризиците за загрозување на безбедноста на Република Македонија. Се уште постои висок ризик од заканата од странски терористички борци. речиси секојдневните терористички напади во Европа и светот се новата реалност. Како држава, ние мора да се навикнеме да живееме и да функционираме во таква реалност. Во вакви сложени услови, повеќе од кога било порано сите ние мора да бидеме сплотени и единствени, рече Иванов.
Тој ја пофали Армијата и полицијата за успешното справување со првиот миграциски бран и рече дека Македонија спречила масакри и крвопролевања какви што гледаме насекаде во светот.