Му викнал „Вратете ги парите“ на Груевски, го исфрлиле од дворот на црквата

by fokus

Обезбедувањето на високите партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ на денешната Семакедонска средба во Трново, Битолско, отстрани од народниот собир лице кое викаше „Вратете ги парите!“, објави порталот Сакам да кажам.

Додека траеја поздравните говори, еден маж помина зад ложата со столови каде седеа високите партиски функционери од ВМРО ДПМНЕ, меѓу кои и Груевски, па извика неколку пати „Вратете ги парите!“ По ова, двајца од обезбедувањето го зедоа и го отстранија од дворот на црквата „Света Богородица“ каде се одржуваше народниот собир.

Поврзани новости