471
На денешната средба со амбасадорите од ЕУ земјите во Македонија, претседателот Ѓорѓе Иванов, побарал Брисел да определи датум за почеток на преговорите со Македонија.
-Статус- квото не смее да продолжи. Нам ни е неопходна трансформирачката моќ на пристапниот процес, како и обединувачката моќ на процесот, за соочување со длабоката политичка поларизација во земјата, рекол Иванов.
Иванов побарал од лидерите на парламентарните партии, приоритет да им бидат законите и решенијате од европската агенда.