Владата дала 800.000 евра на организации што организирале отпор против опозицијата

by fokus 19:17
19:17

28 здруженија и граѓански организации добиле вкупно 800.000 евра од македонската Влада минатата недела, според одлуката објавена во Службен весник издаден на 23 мај. За поголем дел од овие организации не можат да се најдат никакви податоци при пребарување на интернет, анализира Радио МОФ. Некои водат кон празни страници или пак кон декорација на нокти, додека еден дел од нив се совпаѓаат со организации кои во минатото организирале активности против опозицијата.

Грант од државниот буџет од 3 милиони денари, или нешто помалку од 50.000 евра, добило Здружението Јасна иднина од село Небрегово, Долнени. Оваа организација нема интернет-страница, но при интернет пребарување на Гугл, се појавуваат повеќе вести од 2009 година, кога ова здружение било посочено од СДСМ како нарачател на медиумската кампања „Отпор кон Бранко Црвенковски“.

- Advertisements -

Здружението за општествена грижа и владеење на правото Урбано општество добиле од Владата 3.070.000 денари (скоро 50.000 евра) за проектот „Заедно за подобро општество“. Преку пребарување на интернет, може да се дојде до информации дека Урбано Општество е формирана во 2012 година и е дел од мрежата „SALTO-YOUTH“ и како личност за контакт е посочен Мартин Серафимов. Серафимов и „Урбано Општество“ на исто место можат да се најдат и кога заедно со други невладини организации марширале со велосипеди на 7-ми февруари 2013-та година – „гневни што опозицијата со автомобилите го блокира Скопје“.

Целиот текст прочитајте го овде.

 

Поврзани новости