Иванов по средбата со Туск: Помогнете ни за да ви помогнеме!

by fokus

Мојата порака до ЕУ е јасна: Помогнете ни, за да ви помогнеме, помагајќи и на Македонија си помагате себе си, изјави претседателот Ѓорге Иванов, по средбата со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

„Моите ставови за давање на мандатот остануваат непроменети. Потребни се пост изборни реформи, а не спроведување на тиранска платформа. Уценувана влада е нестабилна влада. На овој начин се нарушуваат добро-соседските односи меѓу Македонија и Албанија, со директно мешање во внатрешните работи на државата,“додаде Иванов.

Македонија, рече претседателот, како и досега така и во иднина ќе дејстува за заштита на својата национална безбедност и сигурноста на своите граѓани.

„Истовремено, Македонија е чувар на портите на Европа и повеќе од 19 месеци врши контрола на преминот за влез во најбрзиот мигрантски коридор што води кон Европа“, рече Иванов.

 

Поврзани новости