По денешната средба на претседателот Ѓорѓе Иванов со шефот на дипломатијата Никола Димитров со соопштение излегоа од кабинетот на Иванов од каде што истакнаа дела Димитров усно го информирал за последните случувања поврзани со разговорите за прашањето за разликата околу името, без притоа да приложи каков било писмен документ.
– Целиот процес наликува на личен договор меѓу премиерот Заев и премиерот Ципрас, за што нема обезбедено национален консензус во Република Македонија. Мојот став е дека не прифаќам решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, изјавил македонскиот претседател на средбата.
Иванов потенцирал дека склучување меѓународен договор треба да биде во согласност со Уставот на Република Македонија, а не да предвидува негова измена.