Димитров со порака до Иванов: За решавање на спорот со името потребно е лидерство

by Fokus 16:54
16:54

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров денеска по средбата со претседателот Ѓорге Иванов потенцира дека за решавање на спорот за името со Грција е потребно лидерство и највисока одговорност на сите политички фактори.

Претседателот Иванов денеска го прими Димитров, а на средбата, како што соопшти МНР, станало збор за последните случувања околу преговорите меѓу Македонија и Грција околу името.

- Advertisements -

– За ова исклучително значајно прашање за разликата околу името, прашање што не влече надолу и ни ја попречува иднината повеќе години, потребно е лидерство и највисока одговорност од сите политички фактори. Доколку најдеме начин да го затвориме овој проблем со зачувување на идентитетот и достоинството, сите заедно, ќе бидеме на правата страна на историјата, нагласил Димитров по середбата.

Димитров информирал за содржината на последните разговори со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас.

 

Поврзани новости