СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ја пустошеше економијата

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за расипништво, странските инвестиции само во првите три месеци од 2018 се поголеми од оние за цела 2017 година, реагираат од владејачката СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги осиромашуваше и задолжуваше граѓаните и државата и стана симбол за расипништво, а во десет години ниту еднаш не предаде Фискална стратегија во законски предвидениот рок. Поради таквото расипничко и криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ тројно го зголеми долгот и затоа опозициската партија денес нема нема никаков кредибилитет да зборува за економија и фискални стратегии. За разлика од 11 годишното пустошење на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ за неполна година успеа да ги санира штетите од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и да ја стабилизира и раздвижи економијата – се наведува во партиското соопштение.

 

Поврзани новости