Иванов остана без превоз поради дефект на владиниот „лирџет“

by fokus

Претседателот Ѓорге Иванов од Сараево до Софија ќе патува со комерцијален лет, поради дефект на владиниот авион.

Кај авионот од типот  „лирџет 60“ дефектот бил констатиран утрово во 9 часот при редовнот преглед на системот на авионот при што било утврдено дека откажал електрoнскиот уред на авионот.

Авионот е се уште на аеродромот во Сараево и се чека да се добие одобрение за прелет во вакви специфични услови и тоа од фирмата од каде што е купен авионот и од Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ.

Последниот сервис на авионот, како што соопштиле од СОЗР бил направен на 9 април, кога било констатирано дека „лирџетот“ е исправен.

Поврзани новости