Димитриев: Поништувањето на аболициите за политичари ќе ги смири страстите

by fokus

Премиерот Емил Димитриев смета дека одлуката за поништување на аболициите за политичарите отвора можност за „смирување на страстите” на политичката сцена.

Тој вели и дека верува оти претседателот Ѓорѓе Иванов имал добра намера кога го носел актот за аболиција, но поради политичкиот контекст, таа морало да биде повлечена.

– По носењето на аболицијата целиот предмет се стави во политички контекст при што главен акцент се даде на политичарите кои беа дел од овој акт. Со поништувањето на аболицијата за политичарите сметам дека има простор за смирување на страстите, а за останатите постои законско решение со кое по нивно барање може да биде повлечена аболицијата- изјави Димитриев.

Тој додаде и дека има законска форма за поништување на лично барање и на аболицијата за останатите аболирани лица.

Поврзани новости