ВМРО-ДПМНЕ од донации инкасирала 1,5 милиони евра

by fokus

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ минатата година собрала најмногу донации на својата сметка, покажува  извештајот на Државниот завод за ревизија, објавен денеска.

Партијата во 2015-та година од донации инкасирала 1,48 милиони евра. За партијата донирале вкупно 3,675 физички лица и две фирми. Најголемиот дел од парите, или 73 проценти од вкупните донации биле дадени во само 12 дена.

На сметката на опозициска партија СДСМ, лани легнале 12.096 евра од  вкупно 473 донатори, но голем дел од имињата се повторуваат неколку пати.

ДУИ имале 525 илјади евра приходи, од кои 202 илјади евра се од донации, а останатите од членарина, приходи од камати и приходи од „министерство“.

ДПА, пак, во нивниот извештај навеле дека лани немале никакви донации.

Поврзани новости