590
Претседателот Ѓорге Иванов од Сараево до Софија ќе патува со комерцијален лет, поради дефект на владиниот авион.
Кај авионот од типот „лирџет 60“ дефектот бил констатиран утрово во 9 часот при редовнот преглед на системот на авионот при што било утврдено дека откажал електрoнскиот уред на авионот.
Авионот е се уште на аеродромот во Сараево и се чека да се добие одобрение за прелет во вакви специфични услови и тоа од фирмата од каде што е купен авионот и од Агенцијата за цивилно воздухопловство на РМ.
Последниот сервис на авионот, како што соопштиле од СОЗР бил направен на 9 април, кога било констатирано дека „лирџетот“ е исправен.