Статус-кво состојбата создава фрустрации во нашето општество. Таа не е добра како за Македонија, така и за регионот, но и за кредибилитетот на проширувањето. Македонија бара на претстојниот Самит на Европскиот совет и за земјата да биде применет позитивниот пример на паралелно движење во интеграцијата и надминувањето на билатералниот спор.
Ова, како што соопштија од кабинетот на македонскиот претседател, Ѓорге Иванов денеска му порачал на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, со кого се сретна за време на работната посета во Брисел, веднаш по вториот избор за шеф на државава.
Според соопштението од скопско Водно, Филе, пак, истакнал дека рефорсмиот процес во земјава мора да продолжи и во таа насока да се надминат забелешките нотирани во извештајот за напредок од страна на Европската комисија, но и на ОБСЕ/ОДИХР.