Иванов не доби покана за НАТО

by fokus

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов најверојатно не е поканет да присуствува на доделувањето на поканата за членство во НАТО што треба да се одржи неделава во Брисел, објави Независен.

Шефот на државата, според најавите, ќе ја пропушти и свечената церемонија на која генералниот секретар на алијансата, Јенс Столтенберг, ќе му ја врачи и формално на премиерот Зоран Заев поканата за членство на Македонија во Северноатлантскиот совет.

Името на Иванов не се нашло во агендата на македонската делегација од „Илинденска“ што ги пакува куферите за Брисел.

Од Владата, Независен добвил одговор дека Иванов не е во таа делегација и дека поканите за присуство на самитот ги испраќаат од НАТО.

Поврзани новости