Иванов: НАТО не ја почитува пресудата од Хаг

by Фокус

Претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната конференција на  Јадранската група држави, позната како А5 во Охрид го обвини НАТО дека не ја почитува пресудата од Хаг за македонско-грчкиот спор и со тоа прави стратегиска грешка. Додаде дека со натамошно нелегално блокирање на  членството на Македонија сериозно се блокираат колективните интереси и принципи на Алијансата.

-Пресудата е сè уште тука и чека да биде испочитувана и од Грција и од НАТО. Блокирањето на евроатланската интеграција на Македонија е школски пример за тоа како не треба да се гради безбедноста во регионот, рече Иванов.

Претседателот Иванов ја критикуваше и ЕУ, за која рече дека е неподготвена да се справи со кризата со бегалците.

Сведоци сме дека ЕУ е сè уште неподготвена соодветно да одговори на предизвиците и заканите. Мигрантската криза нè потсети дека Балканот е европска артерија клучен европски коридор што ја поврзува Европа со Блискиот Исток и Северна Африка. Мигрантската криза ја тестира принципиелноста на Европа, заклучи Иванов.

 

 

Поврзани новости