Иванов: Кој сака да биде изземен од аболицијата, нека напише барање

by Фокус

Претседателот Ѓорѓе Иванов попладнево на куса прес конференција на која не беа дозволени прашања од новинарите соопшти дека нема да ја повлече одлуката за општа аболиција, бидејќи таа била најдобар начин да се излезе од политичката криза.

Иванов ги повика сите кои сметаат дека им е нанесена штета со аболицијата да поднесат писмено барање до службата кај него и со правната служба ќе ги повлече аболициите за нив. За оние кои нема да поднесат барање, аболицијата ќе остане.

На оваа прес конференција претседателот ги спомна и странските дипломати и им упати порака „да внимаваат како се однесуваат да не бидат погрешно разбрани“.

 

Поврзани новости