Иванов: Кој ќе има мнозинство, тој ќе биде мандатар

by fokus

Мандат за состав на нова влада ќе добие партијата која ќе ме извести дека обезбедила мнозинство, односно потпис од 61 пратеник, порача претседателот Ѓорге Иванов, по целодневните средби политичките партии.

-Изминатиов период се изнаслушавме разни толкувања на Уставот, секој го толкува како што сака и му одговара. Но, јас како претседател дадов  заклетва дека ќе го почитувам. А Уставот  не може да се толкува според партиски интереси. Членот 90 од Уставот е јасен, преседателот е должен да го довери мандатот на  паријата која има мнозинство во Собранието. Го искористив уставното правo-рече Иванов.

Шефот на државата рече дека за време на консултациите се разговарало за сите модуси ако ниту една партија или коалиција не обезбеди мнозинство во Собранието.

– Сите опциии се отворени – порача Иванов.

Претседателот побара од оние што ќе ја состават новата влада во својата програма да имаат два клучни приоритети: заштита на државните интереси,односно унитарноста на државата и системска реформа на националната безбедност.

Поврзани новости