Караџовски: СЈО се однесува инфантилно!

by fokus

Откако Специјалното јавно обвинителство се пожали дека судот продолжува да ја опструира нивната работа и не дозволува претреси на осомничените функционери, со реакција се огласи претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски.

– Специјалното јавно обвинителство е инфантилно, а новинарите што ги пренесуваат неговите ставови се пристрасни и сензационалисти. Значи има закони и има процедури, ако некој го прекршил законот во рамки на своите права и надлежности има процедури, а вакви однесувања преку медиуми скандализирање преку медиумите јас го подразбирам како пристарасност и нестручно постапување и од страна на вас медиуите и од страна на СЈО- изјави Караџовски.

Инаку, СЈО се пожали на несоработката со Кривичниот суд, кој им одбил четири барања за претрес кај функционери опфатени во предистражни и истражни постапки.

Караџовски рече дека го следел односот Кривичен суд – СЈО, но не кажа конкретно дали ќе го разгледаат постапувањето на наведените судии.

Поврзани новости