Иванов ќе присуствува на конгресот на Паневропската унија

by fokus

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе земе учество на конгресот на Паневропската унија, што се одржува во Виена од денеска до 10 октомври.

На овој конгрес, Иванов ќе има свое обраќање на панелот посветен на проширувањето на Европската Унија. Конгресот во организација на Меѓународната паневропска унија, е по повод 90. јубилеј од првиот Паневропски конгрес одржан во 1926 година.

Меѓународната Паневропска унија се смета за најстаро европско обединувачко движење, основано од страна на Ричард Куденхове Калерги, а нејзините членови се залагаат за политички и економски обединета Европа.

Поврзани новости