Унија на средношколци: Пленумите се нелегитимни, ние сме претставници на средношколците

by Фокус 16:43
16:43

Ѕвонко Селев од Унијата на средношколци, која се активираше вчера и веднаш се договори со министерството за обрзование, денеска излезе со изјава дека тие се легитимни претставници на средношколците, а пленумите немале никаков легитимитет.

-На оние кои денес протестираат и на нивните ментори ќе им порачаме: тргнете ги рацете од средношколците, ние не сме политички вазали и престанете да ни ја навредувате интелегенцијата. Унијата на средношколци на Македонија од името на сите средношколци постигна договор со министерството за образование. Нашата цел е постигната, рече Селев.

- Advertisements -

Тој додаде дека Наставничкиот пленум е еден од десетиците пленуми кои се формирале со еднократна цел и е организација без идентитет и без легитимитет.

-Ако Наставничкиот пленум излезе со обвиниение дека ние сме нелегитимни, ќе им порачаме: Не само што сме легитимни и легални, нешто што вие никогаш нема да бидете, туку доколку промаршираме по улиците сигурни сме дека Наставничкиот пленум од срам веќе никогаш нема да се појави, изјави претставникот од Унијата на средношколци, која од 2013 година е со неактивен статус.

 

 

Поврзани новости