Иванов ќе додаде нов член на Комисијата за помилување

by Фокус 18:37
18:37

Претседателот Ѓорѓе Иванов ќе ја прошири Комисијата за помилување со уште еден член и тоа претставник на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Со ова, Комисијата наместо досегашните осум членови, сега ќе има девет.

Оваа одлука доаѓа откако за Нова година претседателот помилува многу поголем број затвореници од претходните години, а истражувањата на телевизија Телма покажаа дека меѓу нив има и убијци, соучесници, подмитени шумски полицајци, инспектори, лихвари. При објавувањето на имињата на помилуваните од Кабинетот на претседателот не беа објавени и кривичните дела на затворениците кои беа помилуваните.

- Advertisements -

Годинава претседателот за Нога година помилува  174 затвореници, а неколку недели претходно други 33. Оваа бројка е многу поголема за разлика од претходните години, а од Кабинетот велат дека тоа е поради тоа што бројот на предложени затвореници од казнено поправните установи бил голем. Од затворот Идризово, пак, велат дека секоја година предлагаат речиси ист број затвореници.

Поврзани новости