Илија Димовски ќе биде претседател на Комисијата за личните карти

by Фокус 18:15
18:15

Комисијата за избори и именувања денеска донесе одлука за составот на новата Анкетна комисија за скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи, која се формира на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката беше донесена без присуство на СДСМ.

Претседателот на Комисијата, Зоран Илиоски, информираше дека предлози за членови на Комисијата доставиле ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА, додека пратеничката група на СДСМ не доставила предлози. Анкетната комисија ќе биде составена од 16 члена, а претседател ќе биде Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

- Advertisements -

Потпретседател ќе биде пратеникот Љупчо Димовски, а за членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Трајчо Димков, Благоја Деспотовски, Лилјана Кузмановска, Андон Чибишев, Благица Ласковска и Драган Данев. Претставници од ДУИ ќе бидат пратениците Талат Џафери и Ејуп Рустеми, од ДПА Газменд Алиу и независната пратеничка Солза Грчева.

Од СДСМ денеска повторија дека тие како пратеничка група немаат намера да учествуваат во оваа Анкетна комисија, која според нив, ВМРО-ДПМНЕ сама си ја составува и таа не е во согласност со Договорот од Пржино.

 

Поврзани новости