Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Брдо кај Крањ изјави дека заедно со македонскиот претседател Ѓорге Иванов размениле „тешки и остри зборови со албанските претставници“ на состанокот, додавајќи дека е така подобро отколку работите да се пренесат на улица, пренесува „Б92“.
Според српските медиуми, Вучиќ раскажал како заедно со Иванов размениле тешки и остри зборови со претседателите на Албанија и на Косово, Хашим Тачи и Бујар Нишани.
– Се обидоа да кажат дека тоа се измислици на Белград и морам да кажам дека македонскиот претседател Ѓорге Иванов во целост ги поддржа сите аргументи кои ги изнесов и беше многу остар, така што на некои им изгледаше дека правиме блок Србија и Македонија против двајцата албански претставници, што не беше случај – рекол Вучиќ.